Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Утре претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9, а максималната од 17 до 23 Целзиусови степени.