понеделник, 23 март 2026
Време

Облачно со попладневни локални врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 6 до 15 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 9 до 16 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ