Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре локални врнежи ќе има попладне и ќе бидат проследени со ретки грмежи. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на планините врнежите ќе бидат од снег.
Утре времето во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Дневните температури ќе се движат од 5 до 15 Целзиусови степени.






