четврток, 9 април 2026
Време

Облачно со попладневен дожд и снег на планините

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, во текот на денот променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.

Утре времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд наместа пообилни (над 30 л/м2), а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините снежната покривка позначително ќе се зголеми, а помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат.

Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината со дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 0 до 8 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ