Во Скопје, oблачно и свежо со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне повремено засилен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини во утринските часови ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи од 12 до 21 Целзиусов степен.