Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет и дневни температури од 9 до 16 степени. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.






