Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Утре ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура.






