Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималните температури ќе се спуштат до 5, а максималните ќе достигнат до 10 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.






