Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Викендов времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Дневните температури ќе е движат од 8 до 16 степени.






