среда, 11 февруари 2026
Време

Облачно, попладне локални врнежи од дожд

Времето во Македонија денека ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 5 до 12 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 8 до 14 тепени. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ