недела, 18 мај 2025
Време

Облачно, нестабилно и врнежливо

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 21 до 29 Целзиусови степени.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ