„Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени“, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
УХМР најави дека локалните врнежи од дожд ќе се намалуваат во попладневните часови. До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла.






