Во Скопје слично време, со утринска температура која изнесуваше 10 степени, а максималната ќе достигне до 27 степени. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме.
Во Македонија утринските температури се движат од 7 до 14 степени, а максималните се очекува да достигнат од 22 во повисоките места до 29 на југоистокот од земјата.







