Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од -14 до -6, а дневните од -1 до 7 степени.






