среда, 8 април 2026
Време

Oблачно и посвежо со сончеви периоди

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер, над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 21 Целзиусов степен.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Следува период на променливо облачно и посвежо време со утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер, над 60 километри на час. В петок кон крајот на денот, во текот на ноќта и в сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ