среда, 18 март 2026
Време

Облачно и посвежо

Времето во Македонија денека ќе биде променливо облачно и посвежо со дневни температури од 4 до 14 Целзиусови степени. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежи од повремен снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во западните делови со врнежи од повремен снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 7 до 14 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ