вторник, 13 мај 2025
Време

Облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, а наместа и град

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

 

И утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната од 16 до 24 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ