Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11, а максимална од 15 до 22 Целзиусови степени.
Од вторник ќе имаме сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималните температури ќе се движат од 18 до 25 Целзиусови степени.