сабота, 12 јули 2025

Објавени 19 кандидати за градоначалници од СДСМ

Извршниот одбор на СДСМ вечерва даде согласност за 19 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти партискиот лидер Венко Филипче, за општина Центар кандидат е актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, за Аеродром д-р Александар Трајановски, за Ѓорче Петров – Костадин Ацевски – претседателот на ОО на СДСМ, за Крива Паланка -актуелниот градоначалник Сашко Митовски.

Утврдени се кандидати и за Чучер Сандево, Берово, Лозово, Чешиново Облешево, Богданци, Дојран, Могила, Неготино, Крушево…

„Кандидатите се избрани врз основа на најавените принципи, со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе кои имаат кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата – некои првпат, некои повторно“, рече Филипче.

Тој најави дека во наредните недели ќе ги објават имињата на кандидатите и за останатите општини.

Има општини, како што рече, за кои разговараат да поддржат и други кандидати освен од СДСМ.

За кандидатите што ги објави Филипче согласност треба да даде и Централниот одбор на партијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ