понеделник, 2 февруари 2026

Објавен нов оглас од Министерството за правда за тројца кандидати за судии во ЕСЧП

Министерството за правда објави нов оглас за избор на тројца кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. За разлика од претходно, рокот за пријавување е продолжен на 30 дена, наместо досегашните 15. Членовите на новоформираната комисија ќе мора да работат со забрзано темпо, зашто изборот треба да се заокружи навреме пред јануарската сесија на Советот на Европа, кога ќе се избира македонскиот судија.

Објавено на

часот

Сподели

Нов момент во постапката е воведувањето на меѓународен сертификат како задолжителен доказ за познавање на двата официјални јазика во Советот на Европа. Дополнително, за утврдување на „висок морален углед“, ќе се бара потврда дека за кандидатот не е изречена правосилна пресуда и дека против него не се води кривична постапка.

Претходната листа на кандидати – судијката Габриела Гајдова, обвинителката Ленче Ристоска и адвокатот Јордан Апостолски – беше поништена со одлука на Владата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ