вторник, 15 јули 2025

Објавен конкурс за 16. Школа за млади лидери на поранешниот претседател Ѓорге Иванов

„Младинска агенда за одржлив свет“ е темата на 16. Меѓународна обука за млади лидери на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов, која ќе се одржи во првата половина на ноември годинава. Кабинетот на Иванов соопшти дека денеска е објавен конкурсот за учесници на Школата за млади лидери, рокот за аплицирање е до 30 јуни 2025.

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на учесници е ограничен, а право на учество имаат сите млади од Република Македонија и од странство кои ги исполнуваат условите наведени во конкурсот.

-Програмата на 16-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов се организира комбинирано, онлајн и во Охрид. Таа е наменета за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и нивната околина, се наведува во соопштението.

Школата опфаќа интерактивни предавања од реномирани предавачи и говорници од земјата и од странство, панел дискусии, работилници и тимска работа на проектна задача. Програмата е приспособена  да одговара на потребите на младите генерации и да обработува теми кои се од особен интерес за нив.

-Со планираните активности во програмата се стремиме да ги поттикнеме и охрабриме младите учесници да размислуваат аналитички и да дејствуваат како лидери. Да иницираат промени и да ги предводат, да стекнат самодоверба, да ги развиваат своите вештини, да ја поттикнуваат својата креативност, да одговараат подготвено и да иницираат решенија за предизвиците со кои се соочуваат и да вложуваат во својот професионален и личен напредок, соопшти Кабинетот на Иванов.

Повеќе информации за конкурсот се достапни на веб-страницата и на профилите на социјалните мрежи на Школата за млади лидери (https://youngleaders.com.mk/apply/, https://www.facebook.com/IvanovSchoolForYoungLeaders), како и на веб и на фејсбук-страната на поранешниот претседател Иванов (https://gjorgeivanov.mk/, https://www.facebook.com/exmacedonianpresident/).

Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов традиционално се одржува од 2010 година. Во досегашните 15 обуки учествувале речиси 600 млади луѓе од државава и од целиот свет со различен академски и професионален фокус.

-Околу 400 предавачи и говорници од Република Македонија, Европа и светот одржаа предавања пред петнаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери. Во 2018 година, Школата за млади лидери на претседателот Иванов е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели, се наведува во соопштението

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ