среда, 2 април 2025

Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип, се чистат одрони и на патот Делчево – Пехчево – Берово

Врнежите од град причиниле мали оштетувања на некои возила. Подружницата на Македонија пат информира дека поради зголемен број одрони на патот Делчево – Пехчево – Берово, екипи на претпријатието вечерва работат на нивно чистење.

Објавено на

часот

Сподели

Обилни врнежи од град вечерва по 19 часот го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип, на неколку километри пред влезот на Штип.

Врнежите од град причиниле мали оштетувања на некои возила. 

Полицијата упатува на внимателно возење за да се избегнат евентуални незгоди.

Подружницата на Македонија пат информира дека поради зголемен број одрони на патот Делчево – Пехчево – Берово, екипи на претпријатието вечерва работат на нивно чистење.

Одроните, како што соопштија, се најизразени на одредени делници кај селата Тработивиште и Истевник, заради што апелираа на внимателно возење на регионалниот пат.

„Апелираме на претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Екипите остануваат на терен до целосно отстранување на одроните“, информираа од Македонија пат.

Претходно одрони се чистеа и на магистралата А3, која е дел од патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ