вторник, 1 април 2025

Обилни и силни дождови во текот на ноќта

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известува дека вечерва и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, при што во одредени делови врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер. Воглавно коритата на реките не се исполнети со вода и имаат простор за примање на новите врнежи, но се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава.

Објавено на

часот

Сподели

Во западните делови на земјата се очекува значително покачување на водостоите и полнење на речните корита. Исто така, според дел од нумеричките модели за прогноза, и во источните и југоисточните делови на земјата можно е да има интензивни врнежи од дожд (претежно за време на ноќта и утрешниот ден) што ќе услови зголемување на водостоите.

Поради можноста од појава на обилни и интензивни врнежи во одредени делови на земјата можни се и појави на одрони и свлечишта, како и можни проблеми во дел од градските населени места. Се предупредува на претпазливо движење покрај реките и суводолиците.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ