Како што соопштија од ОЈО Куманово, на 4 декември годинава, во хотел во Куманово, осомничениот 84-годишник, од ниски побуди, со умисла се обидел да убие една жена.
„Тој утрото искористил момент кога гостин во хотелот ја отворил вратата, па влегол во објектот и дошол пред собата каде била оштетената и нејзиниот неподвижен сопруг. Кога го видела, таа станала и тргнала кон вратата од собата за да го спречи да влезе, но во тој момент осомничениот извадил нож и со него ја удрил во пределот на главата. Во момент кога му паднал ножот, оштетената успеала да се тргне и на висок тон почнала да вика и да бара помош, па од другата соба излегол нејзиниот син и го спречил осомничениот. По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Куманово определи мерка притвор за осомничениот“, соопшти Обвинителството.






