понеделник, 28 јули 2025

Обид за убиство во Битола, напаѓачот е приведен и изнасен пред суд

Како што информира Јавното обвинителство (ЈО), осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во „Новиот пазар“ во Битола, се обидел да убие човек. Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во грбот и слабината. Двајца сведоци го совладале, па осомничениот се дал во бегство. Напаѓачот е приведен и е изнесен пред Основниот суд Битола.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против битолчанец за кривично дело убиство во обид.

Како што информира ЈО, осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во „Новиот пазар“ во Битола, се обидел да лиши од живот едно лице. Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во грбот и слабината. Двајца сведоци го совладале, па осомничениот се дал во бегство. Подоцна напаѓачот е приведен и е изнесен пред Основниот суд Битола.

Бидејќи постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот, доколку биде оставен на слобода, ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и дека би можел да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ