понеделник, 15 декември 2025

Oбид за подметнување пожар на Осоговските Планини

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини спречен е обид за подметнување на пожар со стари автомобилски гуми. Шумарите на Национални шуми од подружница Осогово Крива Паланка, пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и предизвикување пожар на отворен простор. Овие гуми беа пронајдени на 2.000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе.

Објавено на

часот

Сподели

„Апелираме до сите граѓани, доколку забележат сомнително однесување кое укажува на намера за предизвикање пожар надвор од населено место како што се гуми, даски, дрвени палети, пластични шишиња или туби со течност која наликува на бензин, итно да се јават на бројот 112 или да пријават во најблиската полициска станица или на било кој припадник на полицијата или друга безбедносна служба“, изјави утрово раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на ДЗС Стојанче Ангелов, кој истовремено изрази и голема благодарност до шумочуварската служба на Национални шуми.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ