Поддршката, која во Сараево ја објави специјалната претставничка на Обединетото Кралство, Хариет Харман, ќе им помогне на организации како што е Фондацијата „Квина Тил Квина“ да ги бранат правата на жените и да се справат со родово базираното насилство во регионот.
Обединетото Кралство, исто така, го поддржува граѓанското општество и им помага на организациите да пристапат до Глобалната клириншка куќа „Стоп за неконсензуалните интимни слики“. Платформата ги отстранува интимните слики споделени без согласност и досега веќе отстранила над 300.000 слики со стапка на успех од 90%.
Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за жени и девојки, бароницата Хариет Харман, изјави:
„Денешниот свет се менува брзо и иако жените направија голем исчекор во последните 100 години, мизогинијата е во подем, на улиците, на нашите екрани и во нашите домови. Жените и девојките не само што се клучни за постигнување на нашите цели, туку и ќе го забрзаат нашиот успех.“
Финансирањето, во вредност од над 1 милион фунти, беше објавено на Форумот за родова еднаквост на Берлинскиот процес, како дел од претседавањето на Обединетото Кралство со Берлинскиот процес во 2025 година.
Меѓународната платформа обединува шест земји од Западен Балкан со европски партнери со цел поттикнување на регионалната соработка. Во тој контекст, соработката ќе резултира со состанок на лидерите во Лондон кој ќе се одржи во октомври.






