„Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја!
Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизно патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство.
Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Обединетите Арапски Емирати ги укинуваат визите за Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук-профил објави дека Обединетите Арапски Емирати ги укинуваат визите за македонските граѓани.

Објавено на
часот