„Прославете го нашиот јазик и зајакнете ја вашата врска со Македонија со тоа што ќе се придружите на онлајн курсот по македонски јазик на ОМД! Во партнерство со Центарот за е-учење на македонски јазик, ОМД нуди онлајн часови за почетници, средно ниво и напредни ученици од сите возрасти. Часовите се одржуваат на англиски јазик од страна на искусни инструктори преку Зум двапати неделно, осум недели по сесија. Нашата претстојна сесија започнува на 12 јануари и трае до 6 март. Не е предоцна да се придружите и да ги изградите вашите јазични вештини!“, се наведува во повикот на ОМД.
Во зависност од возраста и степенот на курс, часовите ќе траат 30 минути за основци, 45 минути за средношколци и еден час за возрасни.






