сабота, 14 јуни 2025

Обдукцискиот наод за 32-годишниот Адеми, кој почина во кумановската болница, доставен до ОЈО Куманово

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми, соопшти денеска Јавното обвинителство. Оттаму посочуваат дека наодот се разгледува во корелација со други докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Објавено на

часот

Сподели

Кумановското обвинителство веќе отвори предистражна постапка за случајот на 32-годишниот кумановец, Ведат Адеми, кој почина на 17 март во градската болница. Адеми починал откако примил терапија во болницата. Неговото семејство обвинува дека причина е лекарска грешка и дека му бил даден лек на кој бил алергичен.

Директорот на кумановската болница, Стефан Трајановски беше разрешен откако во извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше утврдено дека имало многу пропусти во болницата, а Министерството за здравство до Лекарската комора предложи одземање на лиценцата на лекарот што таа вечер бил на дежурство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ