Зошто не го нормализираат јавниот превоз и го донесат конечно правилникот за еко налепници, со што ќе има можност да се воспостави зимски режим на сообраќај? Зошто не се фокусираат на измена на начинот на греење на јавните објекти? Ова е најбрз начин да се намали загадувањето во прифатливи законски рамки во многу краток рок.
Дополнително, има и други мерки, кои не се комплексни за спроведување, а се однесуваат на градежна, почвена прашина, палење на отпад на отворено“, реагираат од 02 иницијатива.
Ти велат дека мерењата покажале дека најголеми загадувачи се домаќинствата, нерезиденцијалните објекти, Усје, сообраќајот, Макстил, Те-То, но и косовската фабрика за цемент.
„Хани и Елизит цементарницата (Косово) – вкупни емисии од оваа фабрика се проценети на 319 тони. Ако се земе предвид дека цементарницата се наоѓа на 11,5 км северно од Скопје, правците на ветрови, дисперзијата, врнежи и др., се проценува дека околу 35 тони би стигнале до Скопје (2.5-2.7%). Ако се земе предвид ружата на ветрови за Скопје, каде доминираат северните правци, се проценува дека околу 75 тони се депонираат во Скопје.
Емисиите од авио сообраќајот на скопскиот аеродром се проценуваат на 14 тони.
Мерењата на Амбикон, лабораторија со локација во Ново Лисиче и Карпош, во текот на 2021 година ги дадоа следните резултати: во зимските месеци најголем удел има греењето на дрва, 36-59%; pотоа сообраќајот, 12-28%; nа согорувањето на нафта и мазут, дали за греење или во индустрија отпаѓа од 7-14%; во пролетните месеци горењето на разен отпад на отворено има удел од 7-35%; во летните месеци почвената, градежна прашина е од 4-46%; уделот на индустријата/производни процеси вон грејна сезона се движи од 15-49%.






