„Благодарение на посветеноста на нуркачите, волонтерите и сите учесници, од дното на езерото беа отстранети значителни количини отпад, со што директно придонесовме за зачувување на природната убавина и биодиверзитетот на нашето езеро“, велат од „Амфора“.

Акцијата е поддржана од Општина Охрид. Со оваа акција го најавуваат проектот „ОХРИД ЕКО 2026″ што по петти пат ќе се одржи во мај, а е во рамки на меѓународна акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад во кој покрај домашните ќе бидат вклучени нуркачи од целиот регион






