Десетици нуркачи од земјата и регионот в сабота на повеќе локации кај градското пристаниште, кај Љубаништа, Заливот на коските, автокампот Градиште и кај Калишта ќе го чистат езерското дно, од пластика, метал и секаков вид цврст отпад депониран во езерото.
Целта на акцијата што се организира четврта година по ред пред главната туристичка сезона е заштита на биодиверзитетот, подигнување на свеста кај населението и зачувување на природната убавина на eзерото, велат од нуркачкиот центар Амфора.