Од синдикатот порачаа дека бараат правда за сите жртви во пожарот, меѓу кои и нивниот колега полицискиот службеник Тоше Тодоровски, но бараат и јасна и транспарентна истрага за полициските службеници.
Претседателот на Синдикатот, Мартин Ефремов рече дека бараат барем еден распит на осомничените полициски службеници да биде јавно објавен.
„Мислам дека апсолутно не е човечки еден обвинител да се обрати на нашите колеги осомничени, за кои не е докажана вина и се смета дека се невини се додека не се докаже вина со зборовите – ‘ако вие бевте невини требаше вие да изгорите во трагедијата во Кочани’. Тоа е нешто што ако полициски службеник го каже на граѓанин, ќе заглави по затвори“, рече Ефремов.






