Во партијата почната е и постапката за евидентирање и утврдување кандидати за градоначалници и советници во советите на општините и градот Скопје.
НСДП и на локалните избори во коалиција со СДСМ
Централниот одбор на НСДП вчера реши партијата на претстојните локалните избори во октомври годинава да настапи како дел од коалицијата предводена од СДСМ. Беше констатирано дека општинските организации на партијата кадровски и оперативно се целосно подготвени да го дадат својот придонес за успешна промоција на програмата и на кандидатите за градоначалници и советници од коалицијата предводена од СДСМ, со цел освојување на довербата на граѓаните и постигнување на успех на изборите, соопшти НСДП.

Објавено на
часот