четврток, 25 декември 2025
Локални избори 2025

Новоизбраната градоначалничка на Кисела Вода вети дека ќе биде во служба на граѓаните

Новоизбраната градоначалничка на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска се огласи на социјалните мрежи по победата во првиот круг. Таа им се заблагодари на сите за големата победа истакнувајќи дека знае дека довербата не се добива лесно.

Објавено на

часот

Сподели

„Ви ветувам дека уште од првиот ден ќе бидам во служба на сите граѓани. Моето место е на терен, меѓу луѓето, заедно да продолжиме да градиме подобра, поубава и поуспешна Кисела Вода. Синоќа покажавме дека Кисела Вода треба да продолжи да напредува. Победата во прв круг е најдобар показател дека наследивме Општина за пример, а тоа е нешто што го заслужува и Скопје, нешто што може да го испорача само посветен и вреден човек како нашиот Орце Ѓорѓиевски. Нѐ чека работа, многу предизвици, но и многу убави моменти кои заедно ќе ги создадеме. Со љубов, со почит и со цело срце, уште еднаш, честитки до граѓаните на Кисела Вода! Денес вие победивте“, објави Стаменкоска Трајкоска.

Таа додаде дека ова е победа на народот, победа на искреноста и на љубовта кон нашата општина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ