вторник, 30 декември 2025

Новогодишни пакетчиња од „Спорт лајф“ за децата со посебни потреби

Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Спорт лајф“ обложувалници.

Објавено на

часот

Сподели

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „Порака наша“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „Доза среќа“ во Скопје.

„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“, изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Спорт лајф“.

Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божиќни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба, соопшти компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ