понеделник, 15 декември 2025

Новогодишна хуманитарна кампања на СОС детско село – „150 желби за 150 деца без родителска грижа“

Во пресрет на новогодишните празници, како дел од иницијативата #ИнфлуенсериЗаДобро, СОС детско село и оваа година ја започнува емотивната хуманитарна инфлуенсерска кампања „150 желби за 150 деца без родителска грижа“.

Објавено на

часот

Сподели

Целта на кампањата е 150 инфлуенсери, јавни личности и поддржувачи да споделат новогодишна порака посветена токму на 150 деца без родители и родителска грижа, до 14 годишна возраст кои во моментов се поддржани од СОС Детско Село. Со своите пораки, тие ќе придонесат кон ширење на позитивна мисла и ќе донесат чувство на грижа, радост и надеж во празничните денови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ