недела, 8 јуни 2025

Ново раководство во Македонската асоцијација за рударство

На 14 февруари иницијативниот одбор за свикување на вонредна седница на МАР, составен од 12 членки на Македонската асоцијација за рударство (МАР), поднесе барање до претседателот на Стопанската комора на Македонијаза итно свикување на вонредна седница. Барањето е резултат на сериозната загриженост за досегашното управување на МАР, кое, според членките, не придонесе доволно за развојот на секторот ниту за унапредување на транспарентноста и инклузивноста во донесувањето одлуки.

Објавено на

часот

Сподели

Во изминатиот период, членките на МАР укажуваа на недостигот на јасна визија и проактивен пристап за справување со предизвиците на рударскиот сектор. Проблемите со застарени организациски практики, отсуство на ефективна комуникација со надлежните институции и неподготвеноста за соочување со новите законски барања – сето тоа го доведе секторот во позиција која бара итни и суштински промени.

Македонската асоцијација за рударство, како највисоко струково тело во рударството, мора да ја врати својата улога како двигател на одржлив и одговорен развој, со јасен фокус на заштита на интересите на членките, почитување на животната средина и одговорност, велат од МАР.

Вонредната седница на која ќе се избере нов претседател на МАР и ќе се разгледаат предлозите за реорганизација ќе се одржи денеска. Оваа седница е можност за обновување на довербата и за воспоставување на ново, поефикасно раководство кое ќе ја гарантира иднината и развој на рударскиот сектор.

Членките на асоцијацијата остануваат цврсто посветени на мисијата за развој на секторот, со почитување на највисоките стандарди за транспарентност, професионалност и соработка со сите засегнати страни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ