недела, 1 февруари 2026

Ново партиско преуредување во обвинителството, Башким Бесими кандидат за претседател на Советот на обвинители

Oбвинителот Башким Бесими e најсериозниот кандидат за нов претседател на Советот на јавни обвинители. На Душица Димитриевска, актуелната претседателка на Советот, мандатот ѝ завршува наредниот месец. Таа, заедно со државниот обвинител Љупчо Коцевски се најголемите поддржувачи и лобисти за Бесими. Инаку, Бесими е познат како обвинител близок до ДУИ и роднина на поранешниот министер за финансии од таа партија, Фатмир Бесими.

Објавено на

часот

Сподели

Ако биде избран на оваа функција, на масата на Бесими треба да се најдат и предметите кои и досега се забошотуваат, како на пример за Артан Груби, за Перпарим Бајрами, за модуларната болница, каде првостепено е осуден екс директорот Флорин Бесими, внук на обвинителот Бесими…

Освен тоа, контролата на Советот за јавни обвинители е посакувана за ДУИ и СДСМ и поради предметот за хонорарите на обвинителите од поранешното Специјално јавно обвинителство, меѓу кои се и обвинителите Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска.

За државниот обвинител Љупчо Коцевски изборот на Башким Бесими за нов претседател на Советот на јавни обвинители ќе значи задржување на влијанието и во периодот по неговото разрешување од позицијата главен државен обвинител. Извори од Советот на јавни обвинители велат дека на последниот колегиум, Ермон Незири, член на Советот и близок пријател на Гаврил Бубевски, го предложил Башким Бесими за иден претседател на Советот на јавни обвинители.

Според ВМРО-ДПМНЕ, скандалот со следењето на припадници на тогашната опозиција, на новинари и бизнисмени, Коцевски имал значајна улога во синџирот на СДСМ. Како што е познато, во периодот кога СДСМ беше на власт, преку Агенцијата за национална безбедност биле следени лидерот на тогашната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот на партијата Александар Николоски, Драган Ковачки…

Бесими е роден 1966 година во Тетово, а Правен факултет завршил во Приштина во 1991 година.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ