понеделник, 15 декември 2025

Новите закони за внатрешни работи и за полиција го помина второто комисиско читање во Собрание

Предлог – законите за внатрешни работи и за полиција го поминаа комисиското второ читање на која за предлог измените за внатрешни работи беа поднесени 47 амандмани од пратениците од опозицијата и владејачкото мнозинство, додека за законот за полиција 12 амандмани.

Објавено на

часот

Сподели

Пратеникот од СДСМ. Оливер Спасовски. кој е и овластен предлагач на поголемиот број амандмани меѓу кои и амандманот за бришење на членот од предлог-законот со кој се укинуваат регионалните центри за гранични работи, како и полициските станици за гранични проверки и граничен надзор, рече дека не е сè во согласност со европските регулативи.

Според него, овој пристап е спротивен на долгогодишната поставеност на граничната полиција како специјализиран и автономен дел од безбедносниот систем, чие функционирање е клучно за исполнување на европските стандарди за интегрирано управување со граници. Појасни дека токму регионалните центри за гранични работи обезбедуваат стручна, брза и ефикасна реакција во граничната контрола, надзор и справување со илегални миграции, трговија со луѓе и други прекугранични закани.

Предлог-амандманите на пратениците од владејачкото мнозинство се однесуваа на предлог-законот во делот на именувањето на Полицискиот центар во Полициска академија, кој беше прифатлив за предлагачот на законот.

Голем број од амандманите не беа прифатени, а дел делумно прифатени, со како што рекоа претставниците од МВР, дополнително појаснување и усогласување.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на првото комисиско читање појасни дека предлог – законот за внатрешни работи има цел да изгради функционален, ефикасен и фер систем.

„Со овој закон ги поставуваме новите темели на кадровската и организациска структура на министерството“, истакна Панче Тошковски.

Според него, новите решенија се фокусирани на поедноставување на квалификацијата на работните места.

„Го надминуваме деценискиот хаос, наместо седум категории и 38 нивоа и 28 видови на работни места, новиот ЗВР нуди две категории,  раководни и извршителски, три јасно дефинирани нивоа и 10 видови работни места“, рече министерот.

Појасни дека законски се предвидуваат испити и за унапредување со елиминаторен карактер за клучните позиции, како што ќе бидат главен инспектор и раководни работни места. Задолжителни интервјуа како интерни огласи, обука како предуслов за сите кои за прв пат добиваат раководна позиција. Додаде дека ќе има и прецизни правила за привремено  распоредување и унапредување под строго определени услови.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ