вторник, 7 април 2026

Новите амбасадори во Данска, Украина и Албанија ги претставија платформите за дипломатските активности

Пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска новите тројца амбасадори ги претставија своите платформи за дипломатските активности.  Во Кралството Данска ќе нè претставува Фадил Зендели, во Украина – Димитар Блажевски и во Албанија – Веле Трпевски.

Објавено на

часот

Сподели

Во однос на соработката меѓу Македонија и Кралството Данска, Зандели истакна дека таа се реализира врз основа на заеднички интереси, со редовни консултации, делегации во Брисел, како и билатерални средби. Во фокус, како што посочи, се регионалните прашања, Арктикот и ситуацијата во Гренланд, како автономна територија на Данска, која располага со природни богатства. Ова, како што рече, е поврзано со отворањето на нови морски патишта и поврзувањето на континентите, што го зголемува интересот за Арктикот и вклучува повеќе глобални фактори.

Потенцира дека Македонија и Кралството Данска имаат стабилни односи, без отворени политички или правни прашања, базирани на демократските вредности, владеењето на правото и евроатлантската ориентација.

„Данската поддршка за европската перспектива на нашата држава е значајна, особено во контекст на понатамошната интеграција. Официјалниот став на Данска е дека проширувањето на Европската Унија треба да се базира на исполнување на критериумите, но и на внатрешната стабилност и економските параметри, како што се инфлацијата, јавните финансии и домашното производство. Во однос на економската соработка, извозот од РСМ кон Данска опфаќа текстилни производи, облека, индустриски компоненти и земјоделски производи, додека увозот вклучува индустриски производи, фармацевтски производи и енергетска опрема. Се бележи зголемување на трговската размена, која достигнува околу 17,1 милиони евра. Во областа на инвестициите, постои интерес за зголемување на енергетското производство, како и за технолошки развој. Данска има голема традиција во развојната политика, особено во јавната администрација, економските реформи и проектите што се спроведуваат во рамките на Европската Унија и меѓународните организации. Дијаспората претставува значаен сегмент во соработката меѓу двете држави. Според податоците, околу 6.000 граѓани на РСМ живеат во Данска, додека околу 2.000 имаат стекнато данско државјанство“, рече тој.

Нагласи дека постојат можности за продлабочување на соработката во економијата, културата и образованието, како и за поголемо ангажирање на дијаспората во развојот на економските партнерства. Во однос на парламентарната соработка, како што нагласи тој, во последните шест години таа е недоволно развиена, со мал број на официјални посети во регионот. Според него, потребно е да се зголеми билатералната соработка со парламентите на соседните држави.

Исто така, беше дадена препорака за поголемо ангажирање во парламентарната дипломатија и искористување на можностите за соработка.

Блажевски нагласи дека неговиот иден ангажман ќе биде исполнет со многу предизвици, но и несекојдневна причина што веќе петта година Украина се соочува со руска воена агресија. Од почетокот на воспоставувањето на дипломатските односи, како што рече, се пријателски, изградени со меѓусебно разбирање и обострани заложби за нивно натамошно продлабочување.

„Во периодот до завршувањето на воените дејствија, моите како и активностите на амбасадата ќе бидат фокусирани на следење и соодветно известување за контактите кои ги презема украинската страна, нејзините сојузници, сите меѓународни чинители во преговорите за постигнување мир, односно завршување на војната. Реафирмирање на позициите и поддршката на нашата земја во поглед на руската агресија над Украина. Во овој контекст, нашата држава дава целосна поддршка на територијалниот интегритет на Украина. Ја осудува руската воена агресија и постојано го реафирмира ставот дека Русија треба да ги повлече сите свои воени сили, опрема  од територијата на Украина. На став е дека Русија грубо го крши меѓународното право и ја поткопува европската безбедност и стабилност“, рече тој.

Блажевски потенцира дека и покрај одлучните односи помеѓу двете земји подолг период назад изостанува размена на посети на највисоко ниво.

При претставувањето на платформата за дипломатските активности на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во Република Албанија, Веле Трпевски, посочи дека двете земји имаат соработка во секоја сфера нна билатерално, мултилатерално и регионално ниво.

„Билатералната соработка а базирана традиционални пријателски односи како соседи, немаме отворени прашања. Започнавме процес на заеднички владини седници 2017 година, а последната се одржа во 2022 година. Редовно имаме конзуларни и политички консултации во рамки на министерствата. Со Албанија навистина немаме отворени прашања, напротив имаме простор за градење на конкретна договорна билатерална соработка“, посочи Трпевски.

Во однос на трговската размена, како што потенцира, не е на задоволително ниво како соседни земји и се движи меѓу 200 до 220 милиони евра на годишно ниво.

Главниот фокус на неговата работа, рече, ќе биде економската промоција.

„Од Албанија најмногу купуваме земјоделски продукти, а продаваме керамика, цевки. Меѓутоа, генерално, тоа е многу мал обем на трговска размена, ако се земе во предвид дека сме соседни земји. Но, тоа се должи најмногу на коридорот 8 што сѐ уште не е завршен и тоа е едно од тие работи кои мораме да ги завршиме. Инфраструктурата ни завршува во Струга и од таму имаме околу седум километри тули каде што немаме пруга. Да направиме драј порт во Струга и да го заобиколиме тој јаз од неколку километри до Лин“, рече Трпевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ