понеделник, 7 април 2025

Новиот Закон за пожарникарска служба ќе ги зајакне капацитетите на пожарникарските служби, тврди Мицкоски

Се изготвува нов Закон за пожарникарска служба, по што веднаш ќе бидат и зајакнати капацитетите на Територијалните противпожарни единица во општините, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан за долгогодишните проблеми со бројот на пожарникари во ТППЕ-Кочани, кои учествуваа во гаснењето на пожарот во дискотеката Пулс, каде што загинаа 59 млади луѓе.

Објавено на

часот

Сподели

„Вработувањето во пожарникарските служби е еден од проблемите, коишто директно ги погодува локалните самоуправи. Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба и веднаш по изготвувањето на тој Закон ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарската служба насекаде на целата територија, со приоритет на град Кочани#, изјави премиерот Мицкоски.

Инаку во ТППЕ-Кочани се вработени вкупно 16 пожарникари, а согласно бројот на жители во општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци вкупниот број на вработени пожарникари треба да изнесува 33. Во изминатите години товарот околу обезбедување на платите, опремата и возилата е на Општина Кочани, додека останатие две рурални општини Чешиново-Облешево и Зрновци не учествуваат со финансии во функционирањето на ТППЕ-Кочани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ