вторник, 5 август 2025

Новиот совет на АВМУ го започна мандатот – претседател е Сашо Стефановски, заменик-претседателка Зириета Хајро Јајага

Членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски, именувани од страна на Собранието на Република Македонија на 24 јуни 2025 година, денеска одржале конститутивна седница.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од АВМУ, на седницата, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Деловникот за работа на aгенцијата биле избрани претседател и заменик претседател. За претседател е избран Сашо Стефановски, додека за заменик-претседателка Зириета Хајро Јајага.

Во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги освен Сашо Стефановски и Зириета Хајро Јајага, членуваат и Афрона Верзиволи, Виктор Павловски, Гордана Мајнова, Петар Џуровски и Цветанка Миновска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ