вторник, 15 јули 2025

Новиот министер за здравство, Собранието ќе го гласа на 12 јуни

Изборот на нов министер за здравство ќе биде на дневен ред на собраниската седница закажана на 12 јуни, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека се прават напори доколку се организира Собранието, тоа да се напарви и порано, на 5 или 9 јуни.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката за нов министер за здрваство да биде именуван Азир Алиу, Мицкоски посочи дека е донесена минатата недела и апликацијата до парламентот е доставена во петокот.

„За жал денеска е таков ден, па не можеше наеднаш да се стави на дневен ред. Се обидуваме некако да успееме пред 12 јуни, кога е закажана следната седница. Ако успееме, два терминa се дадени како опција во јуни – 5 и 9, но да видиме дали ќе успее парламентот да се организира и тогаш да закажеме седница. Ако не на 12 јуни ќе бидат дел од дневниот ред и министерот за здравство и замениците министри“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

Азир Алиу е поранешниот министер за информатичко општество и администрација и е дел од Алијансата за Албанците која останува во коалицијата Вреди, по оставката од 15 мај годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ