Како што информираат од Министерството за европски прашања, на средбата во рамки на примопредавањето бил направен осврт на тековните активности и утврдените приоритети од европската агенда.
Муртезани му посакал успешен мандат на својот наследник, додека новиот министер за европски прашања Сали ја нагласил својата определба за продолжување на реформските процеси и натамошно унапредување на европскиот пат на државата.






