Тој во судница рече дека, според она што тој го знае, но не го видел, прскалките ноќта на 16 март минатата година во објектот во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, ги активирал Мартин Атанасовски – Буцо, кој беше дел од бендот, но почина кобната ноќ.
„Панчо беше мотор на бендот и да не беше тој групата немаше да постои 20 години. Тој ги договараше настапите и останатиот дел на организацијата на бендот. Не бев присутен на настанот во Кочани, а одев доста кога оваа група имаше концерти приватно. Службениот дел не успеавме да го договориме. Ноќта кога разбравме дека се случил пожарот, го баравме Панчо на телефон, ѕвоневме и кај Андреј, но никој не ни креваше и не одговараше на телефонските повици“, рече пред судот.
Тој појасни дека фирма отвориле откако се случила трагедијата, а поголемиот дел од договорените концерти се одржувале, а за тоа немало договори. За тоа дали на концертите и настапите кои биле договорени со групата ДНК, имало прскалки, сведокот Спасовски рече дека не знаел, бидејчи тоа не било негов дел од работат.
„Најверојатно имало, но не знам бидејќи не ме интересирало зошто тоа не ми е мене задоволство да гледам и да одам на места каде има прскалки. Во првите неколку дена се објаснував со луѓе по социјални мрежи дека тие прскалки не се на ДНК, но потоа кога отворив на нивни видеа и ги прегледав, видов дека на повеќето настани имале и прскалки, а имало и настани кога самиот организатор, а не групата ДНК носеле прскалки. Зборев со Денис од бендот, а тој ми појасни дека прскалките ги набавувале легално од продавница во Кисела Вода и ми кажа дека при сценските настапи тој ги активирал прскалките, ама јас тоа не сум го видел, физички дали е тоа навистина така. По неговото заминување во Германија, по некоја логика Буцо најверојатно ги активирал прскалките, а не можам тоа да го тврдам“, дополни сведокот.
Според обвинителниот акт, починатиот Мартин Атанасовски – Буцо кој бил дел од групата ДНК ги активирал пиротехничките фонтани, односно прскалките на настапот на 16 март во дискотеката Пулс во Кочани.
Двајцата сведоци кои денес дадоа искази пред Спасовски, рекоа дека пожарот во дискотеката Пулс настанал откако биле активирани прскалките за време на настапот на групата ДНК.
К.Д.






