Како што информираат од ЗНМ, преку соработката членовите на ЗНМ ќе добијат бесплатен пристап до сите релевантни закони, подзаконски акти и правни документи преку мобилната апликација на ЈП Службен весник – овозможувајќи им постојан и лесен пристап, без разлика на времето и местото.
Иницијативата има за цел да ја зголеми правната транспарентност и да придонесе за повисок квалитет и професионализам во новинарското известување.
„Новинарите имаат право и обврска да ги информираат граѓаните точно, навремено и со интегритет. Овој меморандум претставува значаен чекор во таа насока, бидејќи пристапот до точни и проверени правни информации и консолидирани законски текстови е суштински за добро информирани граѓани“, вели претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски.
Директорот на ЈП Службен весник Владимир Кроневски истакнал дека оваа соработка е пример за функционално партнерство помеѓу институциите и медиумската заедница во насока на зголемување на транспарентноста и унапредување на демократските процеси во општеството.
„Овој меморандум е конкретен чекор за поддршка на медиумите во нивната клучна улога – да информираат, анализираат и поставуваат прашања од јавен интерес. Веруваме дека со оваа алатка, новинарите ќе имаат уште посигурна основа за својата работа“, истакнал Кроневски.
Во сооптшението се наведува дека оваа иницијатива е произлезена од барањата на новинарите, доставени до Здружението на новинарите на Македонија.