вторник, 10 февруари 2026

Нови униформи, чизми и шлемови добија пожарникарите од Велес

Противпожарниот дом на Терторијалната противпожарна единица од Велес наскоро ќе се реконструира со средства кои Општина Велес ги обезбеди во соработка со Владата преку Министерството за транспорт, информира денеска градоначалникот Марко Колев.

Објавено на

часот

Сподели

„Ефикасното, ефективно и навремено извршување на работните задачи на пожарникарите во голема мера зависи од условите и опремата со која располагаат, поради што ќе се изврши целосна реконструкција на противпожарниот дом, помошниот објект и партер просторот. Целта е обезбедување на поголема функционалност и подготвеност на пожарникарите“, потенцира Колев.

Воедно инфрмира дека со средства од Општина Велес, велешките пожарникари од ТППЕ добија опрема: 35 комплета цивилни униформи, 35 пара чизми за шумски пожари, како и заштитни шлемови за шумски пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ