Данокот за престој ќе се наплатува во зависност од видот на сместувањето и времето од годината. Тој ќе биде повисок за време на главната туристичка сезона, а ќе се наплатува по соба или сместувачка единица, без разлика на бројот на лица кои престојуваат.
Новина за ова лето е и воведувањето на дополнителен надоместок за патниците кои пристигнуваат со крстосувачки бродови на најпопуларните острови како Санторини и Миконос, каде што притисокот на туристите станал сериозен проблем. Само на Миконос, во еден ден во август минатата година, пристигнале 20.000 патници од осум крстосувачки бродови, што ја потврдува потребата од нов начин на управување со туристичките текови.
Собраните средства од новите давачки ќе бидат искористени за подобрување на одржливоста, обновување на инфраструктурата и решавање на еколошките проблеми на туристичките дестинации.
Овие надоместоци ќе се плаќаат директно на местото на престој или при пристигнување на одредени дестинации.
Износот на данокот зависи од видот на сместување и времето од годината, а во текот на главната туристичка сезона, данокот се наплаќа по ноќ и ќе изнесува: за хотели со 1-2 ѕвезди – 2 евра, за хотели со 3 ѕвезди – 5 евра, хотели со 4 ѕвезди -10 евра, хотели со 5 ѕвезди – 15 евра. За куќи и вили поголеми од 80 м² – 10 евра. Надвор од сезона (ноември – март), износите се пониски: хотели со 1-2 ѕвезди – 0,50 евра, хотели со 3 ѕвезди – 1,50 евра, хотели со 4 ѕвезди – 3 евра, хотели со 5 ѕвезди – 4 евра
апартмани и соби – 0,50 евра, куќи и вили – 4 евра.
Данокот се наплаќа по соба или сместувачка единица, а не по лице, што значи дека семејствата и поголемите групи можат да добијат подобра понуда.
Новина е и надоместокот за патниците што пристигнуваат со крстосувачки брод Санторини и Миконос: 20 евра по лице, на ден; други острови и Атина: 5 евра по лице, на ден.